Сервисен Центар


Интерклима ја започна својата работа пред 20 години како сервисен центар за монтажа, пуштање во употреба, параметризирање, одржување и сервисирање на системи за ладење, греење и вентилација.

Денес, долгогодишното искуство и одбраниот тим на стручњаци ја прави Интреклима водечка компанија во својата област во Македонија и во регионот.

Специјализирани сме за сервисирање на ситеми за ладење, греење и вентилација, чилери и компресори од скоро сите врвни светски брендови. Нашата огромна референтна листа на компании со кои сме соработувале е доказ за стручноста на нашиот тим, како и за големиот број на задоволни клиенти.