PLC Управувачи


PLC Управувачи (или програмабилни логички контролери) се дигитални компјутери кои како замена за релејните логички системи се употребуваат за автоматска контрола на електромеханички процеси.  Благодарение на нивната прилагодливост, разновидност и огромни можности се користат во многу различни индустрии и машински процеси.

  • Контрола на машини при производство во фабрички погони
  • Различни индустриски процеси
  • Контрола на осветлување
  • Контрола на процеси во ладење греење и вентилација (HVAC)
  • Контрола на видео надзор

Безмалку секоја машина која има  потреба од електрична контрола има потреба од plc управувач.

 

Ако вашата работа е поврзана со некој индустриски процес, а не користите plc, губите и време и пари.

Секој индустриски прцес и секоја машина контролирана со plc повеќекратно ја зголемува својата ефикасност, брзина, потрошувачка на електрична енергија, стабилност при работата. Воедно добивате поголема контрола врз процесите, далеку поефтино одржување, лесна (софтверска) промена на било кој процес без промени на скапи тајмери, релеа и без измени во електричните шеми. Овие компјутери имаат можност за регистрирање, приказ и снимање на аларми, неправилности во работата на машините и процесите, како и можност за спречување на нивни дефекти.

При производство во фабрички погони со управувачот добивате контрола врз работата на машината како и контрола врз работата на вашите вработени.

Тимот на Интерклима има повеќегодишно искуство во проектирање, програмирање, монтажа и одржување на plc управувачи во различни индустриски процеси како и комплетна автоматска контрола  на системи за ладење,греење и вентилација.

Нудиме комплетно документирани софтверски решенија прилагодени према потребите на нашите клиенти како и долгорочно одржување на истите.

Истовремено нудиме  можности за измени и дополнувања на софтверот согласно развојот на работата на клиентите.

Во нашата листа на референци можете да погледнете дел од реализираните проекти.