Во 2010 година тимот на Интерклима изврши замена на старата автоматика во котларницата на Британска амбасада во Скопје.

Unitronics PLC модел: V120-22-RA22

Unitronics експанзионен модул: IO-PT4x
Верзија на софтверот: VisiLogic 2.0.1
Електрично напојување: 24V DC

Управувачот обезбедува целосна контрола врз системот за ладење и греење на амбасадата.
Со него се мониторира и контролира работата на еден чилер, два котли, четири пумпи, како и PID управување на моторните вентили.
Исто така е обезбедена контрола и мониторирање на сите системски температури. Вредностите на температурите се добиваат од PT100 температурни сонди.
Управувачот има вградена анти-фриз заштита на системот за греење.
Преку текстуалниот дисплеј се обезбедува избор на време на работа за сите денови од неделата посебно.
Модулот за аларми обезбедува дијагностика и приказ на сите аларми преку текстуални пораки на екранот. Системот содржи база на податоци во која се снимени и можат да се прегледуваат последните 40 аларми (број на аларм, тип, датум и време на алармот, можна причина за алармот).

Галерија


Leave a Reply

Your email address will not be published.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>