Во 2010 год. проектиравме автоматска контрола на компресор за клиентот Аеродром Св. Апостол Павле Охрид.

Unitronics PLC модел: JZ10-11-R10

Верзија на софтверот: U90Ladder 6.1.8

Електрично напојување: 24V DC

Преку текстуален дисплеј се избира помеѓу два режими на работа: ладење/греење. Промената на режимот се врши преку автоматска контрола на четворокрак вентил. Со софтверот се обезбедени се повеќе степени на заштита на компресорот во Аеродромот. Се обезбедува заштита од висок и низок притисок. Понатаму, обезбедена е термичка заштита на компресорот и термичка заштита на вентилаторот. Управувачот има вградена анти-фриз заштита на системот за греење со програмиран режим на дефростација. Модулот за аларми обезбедува дијагностика и приказ на сите аларми преку текстуални пораки на екранот.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>