My Market – Пробиштип
Posted in HVAC софтвер, PLC управувачи, Референци | 0 commentsВо 2009 год. проектиравме температурен регулатор за клиентот My Market во Пробиштип.
Unitronics PLC модел: JZ10-11-UN20
Верзија на софтверот: U90Ladder 6.1.8
Електрично напојување: 24V DC
Обезбедена е целоснa автоматизација на системот за ладење и греење во супермаркетот. Со управувачот се мониторира и контролира работата на еден чилер и еден котел.Системот има можност за два различни режими на работа, ладење и греење. Изборот на режимот на работа како и на останатите системски параметри е преку програмиран HMI дисплеј. Преку текстуалниот дисплеј се обезбедува и избор на време на работа за сите денови од неделата посебно.Моменталната температура во објектот се мониторира и контролира преку софтверот. Вредностите на температурата се добиваат од PT100 температурна сонда.Заради обезбедување на заштита, условот за старт на котелот/чилерот се добива со временско доцнење, контролирано од системот.