Интерклима софтверски решенија е нашиот оддел задолжен развој на комплетни софтверски решенија.
Нудиме самостојни софтверски апликации дизајнирани да ги задоволат потребите и барањата на нашите клиенти од различни индустрии, како и развој на веб апликации и сервиси.
Интерклима ја започна својата работа пред 20 години како сервисен центар за монтажа, пуштање во употреба, параметризирање, одржување и сервисирање на системи за ладење, греење и вентилација.
Денес, долгогодишното искуство и одбраниот тим на стручњаци ја прави Интреклима водечка компанија во својата област во Македонија и во регионот.
PLC Управувачи (или програмабилни логички контролери) се дигитални компјутери кои како замена за релејните логички системи се употребуваат за автоматска контрола на електромеханички процеси. Благодарение на нивната прилагодливост, разновидност и огромни можности се користат во многу различни индустрии и машински процеси.